Насловна / Архитектура / Изложба во Бангладеш посветена на архитектката Марина Табасум

Изложба во Бангладеш посветена на архитектката Марина Табасум

5-copy-0„In Bangladesh“ е изложба која се фокусира на работата на истоимената повеќепати наградувана архитектка во нејзиниот роден Бангладеш, отворена во Architekturmuseum der TUM во рамките на Pinakothek der Moderne во музејскиот кварт Кунстареал во Минхен.

6

Курирана од Табасум и писателката Вера Симоне Бадер, поставката ја следи нејзината кариера, почнувајќи од ипломирањето на Универзитетот за инженерство и технологија во Бангладеш во 1995 година. (МТА).

2-copy-0

Изложбата во Архитектонскиот музеј ТУМ го прикажува нејзнииот исклучително разновиден опус со седиште во Бангладеш, почнувајќи од капитални општествени проекти, па се до резиденцијални комплекси. Проектот за џамијата Баит Ур Руф се одликува со недостаток на иконографија и акцент на калибрирана структура помеѓу просторот и светлината. Покрај тоа што служи како место за обожавање, верскиот објект функционира и како прибежиште за бездомници во Дака; За овој проект, Марина Табасум ја добива престижната награда Ага Кан во 2016 година.

3-copy-0

Како дел од нејзиното творештво, се истакнуваат и споменикот и музејот на независноста (исто така во Дака), заедно со неколку други клучни проекти, како и континуираното залагање во борбата за времено домување за 1,2 милиони бегалци во Рохинџа. Како одговор на алармантната ситуација со бегалците, Табасум направи прототип на евтини, мобилни, модуларни куќи направени од локални материјали за заедниците со низок животен стандард кои се соочуваат со променливоста на нивото на морето, уште еднаш демонстрирајќи ги погледите на архитектурата како средство за утврдување на општеството.

9 10

„Роденa и израснатa во главниот град Дака, мојата поврзаност со руралните предели беше многу мала. Безвременската убавина на делтата на Ганг ми беше откриена дури во последната деценија во различни проекти. Таму го најдов мојот „Деш“, (идентитет) преку интеракциите и врските што ги чувствував со руралниот Бенгал, душата на земјата. Има вродена мудрост вградена во живеењето во симбиоза со природата“.

 Марина Табасум, во нејзиниот говор при врачување на медалот Соан во 2021 година.

Таа продолжува: „Потрагата по мојот сопствен идентитет, мојот „Деш“, она што го барав уште од моето детство, се чинеше дека избледе во борбата со немилосрдната капиталистичка култура. Егоманијата на супербогатите и гаењето на култ кон архитектите предизвикаа урбана идентитеска криза. Токму во тие моменти, архитектот мора да одлучи дали ќе се предаде на инстантното креирачко задоволство или ќе го избере патот на отпорот“.

Испрати коментар

Scroll To Top