Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, отворена е изложба со наслов Utopia = Good Place or No Place на групата БАУМ: Маурин Бахаус – Холандија, Фелипе Кастелбланко – САД/ Велика Британија, Алесандро Фонте – Италија, Шанет По – Полска/Германија, Јетон Муја – Косово, Нино Ломадзе – Грузија и гости на БАУМ од Македонија: Игор Сековски и Ѓорѓе Јовановиќ.
Алесандро Фонте – Италија, Шанет По – Полска/Германија
Овој проект, според авторите, цели кон делумно разобличување на оваа толку генерална тематика – Утопија, особено во денешните нео-либералистички или квази нео-либерализстички општества таа има за цел да допре или иницира повеќе дискурси, меѓу кои: Утопија, не мора да се однесува “не место”, кое не` тера критички да се обраќаме на нашата сегашност, но таа исто така, може да има врска со префигуративното „добро место“, кое нуди алтернатива на нашата сегашност.
Фелипе Кастелбланко – САД/ Велика Британија
Изложбата се состои од мултимедијални проекти, меѓу кои видео инсталации, инсталации, site specific објекти, дигитални принтови и перформанси.
Маурин Бахаус – Холандија
Авторите сметаат дека утопијата како начин на размислување не` инспирира да се одмориме од реалноста и да размислуваме подалеку од она што е веќе постоечко. „Утописки“ уметнички дела не мора да бараат од нас да ги преземеме нивните идеи во буквална смисла. Туку нивната цел е да го извлечат моментот на рефлексија и внатрешно испрашување за тоа „до каде може да функционира предлогот за уметност?“, „како се споредува со светот во кој живееме”…
Игор Сековски – Македонија
Додека нашата изложба е во галеријата, таа ќе биде место за уметноста, образованието, живот и утопија која некако го критикува своето општество, но и го преиначува тоа општеството во уметничко дело, во утопија.
Нино Ломадзе – Грузија
Друга корист на нашата мултикултурна група во однос на прашањата за утопијата и уметноста е давање на некои предлози за можни одговори на аспектите за тоа како луѓето живеат во различни општества, мислат, дејствуваат и да се размислуваат.
Куратор на проектот е Ана Франговска. Изложбата ќе биде поставена до 5 ноември 2015 година.