Во Чешкиот културен центар во Прага, на изложбата со наслов „Трансфигурирање“, македонската современа уметност ќе биде претставена преку дваесетина македонски уметници.
Во организација на Националната галерија на Македонија, во Чешкиот центар во Прага, на 27 ноември 2014 година, во 18 часот ќе се отвори изложбата „Трансфигурирање“.
На изложбата со свои дела учествуваат македонските уметници: Јован Шумковски, Ѓорѓе Јовановиќ, Ирена Паскали, Велимир Жерновски, Мирна Арсовска, Марија Сотировска, Игор Тошевски, Нада Прља, Игор Сековски, Антони Мазневски, Борис Шемов, ОПА, Искра Димитрова, Александар Спасоски, Атанас Ботев, Жанета Вангели, Вана Урошевиќ, Александар Станковски, Дијана Богдановска, Благоја Маневски и Славица Јанешлиева.
Куратор на изложбата е Ана Франговска.