Насловна / Вести / Изложба „Тито во Африка – слики на солидарноста“ во „Јавна соба“

Изложба „Тито во Африка – слики на солидарноста“ во „Јавна соба“

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ за својот втор роденден, задутре, ќе отвори изложба „Тито во Африка – слики на солидарноста“, која е настаната од проектот Socialism Goes Global на Универзитетот од Ексетер од Велика Британија и Музејот на Југославија од Белград.

Меѓу другите градови на поранешна Југославија, Скопје ќе биде прв домаќин на изложбата затоа што, велат организаторите, тој е град на солидарноста.изложба

Организаторот на изложбата соопшти дека „Тито во Африка – слики на солидарноста” се гради низ променлив однос на две основни компоненти – друштвените вредности на солидарноста и антиколонијализмот и формалната репрезентација на меѓудржавните средби на највисоко ниво.

Вредностите за коишто станува збор биле заеднички за земјите од Третиот свет со кои Југославија во шеесетите и во седумдесетите години од минатиот век ги делела своите уверувања и цели. Тие вредности доминираат во званичниот говор, белешките, извештаите и написите од тоа време. Фотографските и филмските записи од државничките средби, од друга страна, одразуваат строги правила и обрасци на светска дипломатија, наследени од претходните, колонијални, системи на репрезентација.

Според истражувачите на проектот од кој е настаната изложбата, на постјугословенските простори е впечатлив недостигот од знаење за текот на антиколонијализмот, наспроти неговото несомнено присуство во јавниот дискурс од средината на 20 век.

– Тоа што најмногу загрижува, е недостатокот на свест за негативното наследтво од колонијализмот, кое продолжува да се спроведува преку културната и образовната политика и презентација во светски рамки – сметаат авторите.

Изложбата ќе биде отворена на 27 октомври во 20 часот, а посетителите ќе може да ја видат до 20 ноември. Влезот е слободен.

Испрати коментар

Scroll To Top