Вечер во Concept 37, со почеток во 20 часот, ќе се отвори самостојна изложба на ликовната уметница Моника Ризовска.
Изложбата насловена The Morning After се состои од слики масло на платно, како и бројни мали графики и рачно боени светлечки елементи.
Ризовска во ноември минатата година имаше своја изложба „Pause.“ во МКЦ, на која беа изложени 16 големи слики со техника масло на платно и акрил, како и 10 помали слики.