Денес, со почеток од 19 часот во НЛБ Галерија, ќе биде отворена изложбата на Сликарската династија Стадим. Изложбата ќе биде поставена до крајот на месецот и ќе биде отворена секој работен ден од 8 до 18 часот и сабота од 8 до 16 часот.
Ретка е можноста на една заедничка изложба преку говорот на сликата да се запознаеме со семејство во кое уметноста е живот. Семејството Димитрови е уникатно бидејќи не само што легендарниот македонски сликар Стадим, неговата сопруга Оља, синот Димитар и внуците Маја и Максим се ликовни уметници, туку истите им се добро познати на домашните и меѓународните љубители на ликовната уметност.