Насловна / Вести / Изложба „Спокој – неспокој“ на Коле Манев

Изложба „Спокој – неспокој“ на Коле Манев

kole manev_03

Во Музеј на град Скопје вечерва беше отворена самостојна изложба на академскиот сликар Коле Манев под наслов „Спокој – неспокој“, на која се презентирани 35 дела работени во последните неколку години.
Изложбата ја отвори д-р Срѓан Керим, кој е автор на предговорот за каталогот.
Академскиот сликар Коле Манев е роден во 1941 во село Бапчор, Егејска Македонија. Дипломирал на ликовната академија во Белград, по што заминува за Париз, каде што останува да живее и работи 15 години.
Во 1980 година се враќа во Скопје, каде што живее и работи како слободен уметник. Од 1986 до 2013 година има реализирано 28 самостојни изложби во земјава и во странство.
Изложбата во Музеј на град Скопје ќе биде отворена до 1 јуни.

kole manev_02 kole manev_11 kole manev_12 kole manev_04 kole manev_05 kole manev_10 kole manev_09 kole manev_08 kole manev_07 kole manev_06

Испрати коментар

Scroll To Top