Изложбата Еко-технологии во современата изградба, во организација на Arhisolar, списанието „Еко-куќа“ и асоцијацијата Ekokult+, ќе се одржи од денес до 19 април во рамките на 41. Меѓународен саем на градежништво во Белград. Темата на изложбата е одржлива архитектура, соларни домови, ниско-енергетски куќи, куќи направени од дрво, зелена архитектура, паметни куќи и обновливи извори на енергија, а ќе се одржи во Сала 3 од Белградскиот саем, на штандот 3008.
Акцентот на изложбата е примената на различни технологии за еколошки изградби, како и користење на стари и нови материјали кои во текот на производството, најмалку ги загадуваат општите добра: водата, воздухот и земјата. Денес, секое планирање и проектирање мора да се соочи со иднината, да бидат еколошки одржливи и со рационален пристап кон производството и потрошувачката на енергија.
Начинот на градење влијае на животната средина и индиректно на нашата иднина. Светот на иднината не е предодреден да биде ниту добар ниту лош, туку ќе биде онаков каков што ние го создаваме. Треба да живееме во хармонија со природата, порачуваат од Arhisolar.
Arhisolar е прва српска компанија за проектирање и инженеринг на биоклиматски, соларни и енергетско ефикасни објекти и сите други форми на еколошка и одржлива архитектура. Оваа компанија го формирала српското списание „Еко куќа“, посветено на еко-архитектурата, енергетската ефикасност и одржливиот развој, еко-уметноста, еколошкиот дизајн и еко-животот.