Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 април 2015 година (среда), во 14 часот, ќе се отвори изложбата „Сите бои на љубовта“ организирана по повод Месецот на аутизмот.
Националната галерија на Македонија преку едукативното одделение во текот на годината организира многубројни настани и изложби од најмладите уметници. Опфатени се сите ученици, сите возрасти на деца независно од физичката или менталната попреченост.
Националната галерија на Македонија особено става акцент токму на овие ранливи групи и постојано се залага за што поголема нивна инклузија во секојдневното живеење и уважување на различностите. На 3 декември минатата година беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, а сега со изложбата под наслов „Сите бои на љубовта“, Националната галерија на Македонија го одбележува Месецот на аутизмот.