Виенската галерија Thyssen-Bornemisza Art Contemporary, или скратено TBA21, неодамна ја отвори изложбата насловена Rare Earth. Групната изложба вклучува 17 уметнички дела, а од тоа 10 од нив се направени специјално за оваа изложба, вклучувајќи ја и инсталацијата на познатиот кинески уметник Аи Вејвеј. Уметници од целиот свет биле поканети да ја изразат својата визија на духот на современото време.
Изложбата се базира на митови, идентитет и космологија па се до напредок во новата ера на технологијата. Ги истражува материјалите за изработка на технолошки најнапредните оружја и алатки кои вклучуваат сè што може да се најде денес околу нас; од мобилен телефон до компјутерски хард диск. По каменото и бронзеното доба, ние сме во ерата на „ретките елементи“ на Земјината топка.