Во галеријата „Бундескунстхале“ во Бон, Германија, отворена е изложба на која може да се погледнат делата на најголемите и највлијателните автори од историјата на уметноста: од Караваџо, Рафаел и Рубенс, преку Роден, Сезан и Мур, па сè до современите германски уметници како Липерц или Штрут.
Ив Клајн, L’Esclave de Michel-Ange, 1962
Цртежи, масла на платно и скулптури го покажуваат начинот на кој тие му се восхитувале на Микеланџело – и како го интерпретирале. На тој начин, творештвото на Микеланџело, погледнато со очите на различни уметници, ќе биде претставено во чудно, ново и разновидно светло. А митот за него ќе добие свој облик. „Покажуваме како Микеланџело влијаел врз другите уметници, а не него самиот“, објаснува директорот на музејот во Бон, Тајниер Волфс.
Вали Експорт, Knitt Madonna, 1976
„Тоа е и целта на оваа изложба која би можела да биде германска изложба на годината. Во секој случај е единствена. Бидејќи толку ремек-дела – икони на историјата на уметноста – сигурно нема да можат толку брзо повторно да се видат на едно место“, истакнува Волфс.
Кандида, Hofer Accademia Firenze, 2008
Музеите и фондациите во чија сопственост се овие дела, со тешко срце се одвоиле од нив за потребите на изложбата во Бон. Меѓу нив се и многу значајни институции на класичната и модерната уметност, како што се парискиот „Лувр“, „Мома“ од Њујорк или виенската „Албертина“. Подготовките за изложбата траеле цели пет години. Изложбата е отворена на 6 февруари и ќе трае до 25 мај.
Караваџо, John the Baptist, 1602
Федерико Цукари, Michelangelo as Moses, 1580