Сите љубители на легендарниот музичар Принц (7 јун 1958 – 21 април 2016) ги израдува веста за големата изложба која во месец октомври пристигнува во лондонската 02 Арена.
Изложбата ќе биде отворена на 27 октомври и ќе трае само три недели, а организаторите очекуваат голем интерес од фановите од цела Европа. На изложбата ќе бидат прикажани личните предмети на музичарот кои досега биле чувани на неговиот имот во Paisley Park.
Посетителите ќе можат да ги видат неговите костими од турнеи, колекцијата на гитарски сценски помагала што ги користел за време на неговата кариера.
Една од организаторите на изложбата е сестрата на Принц, Таика Нелсон која изјавила дека е среќна да се сретне со фановите на нејзиниот брат и да ги слушне нивните приказни и искуства од концертите на Принц.