Изложбата насловена „Дијана, нејзината модна приказна“, отворена е во палатата Кенсингтон во Лондон, каде што принцезата престојувала повеќе од 15 години.
Ова е изложба на гардероба која принцезата Дијана, поранешната сопруга на принцот Чарлс, ја носела од влегувањето во кралската палата па се до нејзината смрт во 1997 година.
Посетителите имаат можност да ги видат сите модни комбинации кои од нејзиното прво појавување во јавност ги носела, и по коишто Лејди Ди била препознатлива.
Хронолошкото поставување на изложбата е еден вид модна ревија, но, исто така, ги претставува и трансформациите на стилот на принцезата.
Меѓу експонатите е и комбинацијата што таа ја носела за време на танцот со актерот Џон Траволта во Белата куќа, пренесуваат медиумите.
Изложбата ќе биде отворена до март 2018 година.
Принцезата Дијана во 1996 година се разведе од принцот Чарлс, а една година подоцна, таа починала во сообраќајна несреќа во Франција.