Пред неколку дена во Париз, во Palais Galliera, отворена е изложба посветена на модата во повоениот период во Франција. Педесеттите години на минатиот век станаа клучен период во историјата на француската мода. По завршувањето на Втората светска војна сите модни куќи ги отвориле своите врати и почнале да работат со силен ентузијазам. Во 1947 година, Christian Dior ја создаде својата прва couture колекција која била забележена како скандал бидејќи не се „штедело“ на ткаенини во правењето на раскошните здолништа. Почетокот на новата деценија била обележана со успешни колекции на модните куќи на Yves Saint Laurent и Balenciaga, кои силно се позиционирале на француската модна сцена.
Со оваа изложба се застапени сите важни модни куќи на минатиот век, како што се Schiaparelli, Balenciaga, Balmain, Givenchy, Chanel и Christian Dior, заедно со револуционерните дизајнери како Carven, Paquin и Jean Dessès.