На големиот уметник Пол Гоген, за првпат му се посветува голема изложба во Њујорк. Во њујоршкиот Музеј на модерна уметност (МоМА) е поставена првата ретроспективна изложба за творештвото на Пол Гоген насловена „Пол Гоген: Метаморфози“. Изложбата е посветена на помалку познати дела на уметникот – негови цртежи, скици и скулптури инспирирани од Тахити, остров чии жители биле неговите музи кои го инспирирале до крајот на животот.
Изложбата се состои од 150 дела, вклучувајќи 120 цртежи и 30 платна и скулптури создадени помеѓу 1889 и 1903 година. Сите цртежи ги одразуваат експериментите на Гоген со материјали, од радикално примитивни гравури на дрво до акварели или платна со големи димензии и со мистични тематики.
Изложбата во Њујорк ќе остане отворена до 8 јуни.