Изложбата „Под кожата“ на младата уметница Надја Петровиќ, ќе се отвори на 4 септември 2017 (понеделник) во галеријата на НЛБ Банка со почеток во 20 часот.
Петровиќ е магистар по ликовна уметност и визуелни уметности на Академијата за убави уметности во Фиренца, а по учеството во групни изложби во Лондон и Фиренца, ова е нејзина прва самостојна изложба, како и прво претставување пред македонската публика.
Надја Петровиќ е родена во Битола, во 1991 година. Таа е магистер по ликовна уметност и визуелни уметности на Академијата за убави уметности во Фиренца. Својот интерес кон сликарството го манифестира уште во раното детство, а Малиот битолски Монмартр е заслужен за првите допири со ликовната уметност. Како активен член на Малиот битолски Монмартр, таа се здобива со многу награди на локалните, националните и меѓународните ликовни натпревари. За нејзините ликовни освоила две златни плакети во Македонија, златен медал во Португалија, сребрен медал во Кина и прва награда во Бугарија.
Во 2009 година посетувала курсеви по визуелни уметности на престижната школа Central st martins college of art and design во Лондон. Дипломирала во 2013 година на Академијата ѕа убави уметности во Фиренца (Accadmia di belle arti di Firenze) на отсекот за сликарство. Магистрирала во 2017 година на истата академија, на отсекот за визуелни уметности и нови јазични изразувања. Од 2017 година е студентка на Европската школа за економија – уметност и културен менаџмент (European School of Economics – art and cultural management) во Италија.
Учествувала на повеќе групни изложби, меѓу кои изложбата Art in mind во лондонската галерија Brick Lane, како и други помали изложби за време на своите студии во Фиренца, организирани од страна на академијата. Учествувала и на многу други проекти, како што е Фестивалот за керамика во Монтелупо, Италија во 2012 година, работилницата за сликање Swatch часовници во рамки на Шекспир фестивалот во Битола, како и многу други.
Петровиќ живее и активно твори на релацијата Битола – Фиренца.
Изложбата ќе биде поставена до 19-ти септември.