Околу 120 експонати кои го прикажуваат животот во османлискиот период од 18, 19 и 20 век се претставени на втората изложба „Османлиските културни белези во Македонија“.
Изложбата ја организира Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје. Изложбата беше отворена пред неколку дена и ќе трае до 1 март и претставува продолжение на првата истоимена изложба која беше организирана минатата година и го опфати периодот од 16 до 19 век.
На изложбата, под кураторство на Даниела Николова од Музеј на Македонија, се претставени текстил, облека, автентични соби, бакар, калај и керамички дела.