Во просторот на „Чифте амам“ денеска ќе биде отворена втората изложба „Османлиските културни белези во Македонија“, организирана од Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје и Завод и музеј – Битола.
Првата изложба за османлиските културни белези во Македонија беше одржана во февруари минатата година. Беа претставени експонати со декоративни елементи, направени меѓу 16-ти и 19 век во Македонија, раскошни флорални мотиви и геометриски орнаменти кои се поврзуваат со османлиската уметност во времето кога се создавани.