Насловна / Вести / Изложба „Охридски филиграни“ во Софија

Изложба „Охридски филиграни“ во Софија

Во Културно–информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Охридски филиграни“ на Мирјана Николоска.

Мирјана Николоска е родена во Охрид, каде што живее и работи. Со изработката на филигрански мотиви, Мирјана Николоска ја продолжува традицијата на еден од најстарите занаети кој се одржал низ вековите. Таа создава исклучителни, уникатни дела кои се типични за македонското културно наследство.ohridskifiligrani1

Филиграните се изработени од компресирана хартија со срмен конец – во сребрени и златни варијации, декорирани со монистри и оригинални охридски бисери. Овие рачно изработени филиграни се во различни големини, зависно од композицијата, секој поодделно е уникатен, оригинален и препознатлив за македонското поднебје. Филиграните се изложени во многу продавници за сувенири во Македонија – во Скопје, Охрид, Вевчани. Авторката има остварено изложби во повеќето градови низ Македонија.ohridskifiligrani2

Испрати коментар

Scroll To Top