Изложба на 142 уметнички дела насловена „Од колекциите на Скопје“ синоќа беше отворена во Музејот на Град Скопје. Уметничките дела се во сопственост на Град Скопје, културните установи и јавните претпријатија.
Изложбата е составена од уметнички слики, скулптури, графики, цртежи на автори кои живееле и твореле во Македонија, а дел од уметничките слики, скулптури, графики од колекцијата на уметнички дела кои ги поседува Градот Скопје и неговите јавни установи и претпријатија се создадени од страна на основоположниците на македонската современа уметност, како и од страна на припадници на постарата генерација на ликовни уметници од Македонија.
Изложбата се организира под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а ќе биде поставена до 15 декември. За неа е отпечатен и репрезентативен каталог.