Од страна на Институт Јунус Емре – Турскиот културен центар Скопје, на 19 септември 2014 година, со почеток во 18.00 часот во Мултимедијален центар (Мала Станица) ќе се одржи изложба на познатиот фотограф Мустафа Дедеоглу со наслов „Од Истанбул до Анадолија…“. Изложбата ќе ја отвори државниот секретар на Министерството за култура Бехеџудин Шехапи.
„Истанбул и Анадолија вонвременски земји структурирани со мудроста од стотици години наназад“.
Изложбата на фотографии, работена шест години во континуитет, има цел да ја отсликува величествената силуета – историската текстура и нему својствената атмосфера на Анадолија, која се смета за колевка на разни култури и цивилизации.
Основниот принцип на изложените фотографии е тоа што (концептот) времето не е јасно дефинирано, со цел посетителите во себе да евоцираат различни емоции во однос на времето.
Авторот на изложбата во оваа серија од фотографии наместо да се фокусира на моменталната состојба во Истанбул и Анадолија, акцентот го става на автентичниот и меланхоличниот аспект на старите сокаци од историските населби, но исто така интересни се и бројните портрети на важни личности кои престојувале во Истанбул и Анадолија.
Во изложбата се вклучени и интересни фотографии од традиционалните церемонии посветени по повод денот на ашуре, кој се одржува секоја година на Плоштадот Халкали Мегдан во Истанбул.
CV / БИОГРАФИЈА
Мустафа Дедеоглу е роден во Ускудар, во 1978 година. Универзитетско образование индустриски инженер завршува во Кипар. По дипломирањето се враќа во Истанбул . Неговиот интерес за фотографија започнува од далечната 2006 година, првите фотографии се снимени во старите улици од Истанбул.
Главната цел на неговата студија е, да се евоцираат различни чувства кај посетителите. Темите што ги слика се многу јасно разбирливи, со естетски вредности. Приоритетни принципи во фотографиите на Мустафа Дедеоглу се: „Авторот никогаш не треба да претендира да слика фотографии во ист стил, јас лично верувам во моќта на уметноста на фотографијата, бидејќи секоја фотографија нуди посебна можност со која би се отсликувала оригиналната карактерна особина на фотографот“.
Голем број на фотографии на Мустафа Дедеоглу се објавени во разни списанија во земјите од светот; Москва, Санкт Петербург, Казан, Барселона, Грузија, Техеран, и се изложени во престижни галерии и музеи