Вечер во Музеј на Македонија во 19 часот, ќе биде отворена изложба „Женски носии од османлискиот период во Македонија“.
– Оваа изложба го одразува културното богатство на османлиската цивилизација во Македонија и ќе биде отворена за посета во период од еден месец, соопшти Институт „Јунус Емре“ – Турски културен центар Скопје, кој изложбата ја организира во соработка со Музеј на Македонија.