Вечерва (11 април), во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Владо Костов во Центарот за современа уметност АРТ од Скопје.
Владо Костов – Ваце е роден 1968 година во Скопје каде завршува на училиштето за применета уметност „Лазар Личеновски“.
По завршувањето на училиштето во 1987 година заминува во Лондон во студиото за анимација и карикатура Hollywood Road Film Production работејќи како цртач – соработник на Дарко Марковиќ.
Во 2005 година Костов го открива својот оригинален уметнички израз со изработката на првата негова скулптура од отпадно железо посветена на легендата на џезот – саксофонистот Чарли Паркер. Имено, со оваа скултура тој е дел од мултимедијалниот проектот „Омаж за Чарли Паркер“.
Костов е автор на неколку самостојни изложби, а учествувал и во групни изложби.
Центарот за современа уметност АРТ е сместен во зградата на бизнис центарот ОРКА Холдинг.