Збирка со 37 дела на великаните на македонската модерна уметност, изложени се во уметничката галерија на Градски музеј Крива Паланка.
Колекцијата е сопственост на националната установа Музеј – Куманово и првпат по долг временски период се изложени пред пошироката јавност. Изложени се дела на Никола Мартиновски, Ана Темкова, Томислав Крмов, Трајче Јанчески, Теофил Шулајкоски, Драгутин Аврамовски, Димитар Малиданов, Пецо Видимче, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ристо Калчевски и Нове Франговски.
Изложбата е дел од програмата на „Паланечко културно лето 2015“.
Станува збор за 37 дела од депото на уметничката галерија Куманово. Изложбата прикажува автори од самите почетоци на ликовната уметност на 20 век, поаѓајќи од предвоената генерација автори, преку првата и втора генерација повоени автори па се до средината на осумдесеттите години на дваесеттиот век.
Делата ќе бидат изложени во следните 20 дена, а ЛУ Градски музеј Крива Паланка во претстојниот период ќе организира изложби на дела од Националната уметничка галерија и самостојна изложба на Димитар Стојчевски.