Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Вана Урошевиќ во КИЦ на Македонија во Софија

Изложба на Вана Урошевиќ во КИЦ на Македонија во Софија

vana urosevic

Пред бројни љубители на ликовната уметност, синоќа во Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија беше отворена изложбата „Невидливиот медиум на чудесното“ на македонската уметница Вана Урошевиќ.

На изложбата се претставени 54 дела работени со вез на рачно обоена свила и во најголем дел неизложувани досега.

Изложбата се реализираше во соработка со Музеј на современа уметност и со поддршка на македонското Министерство за култура. Изложбата ја отворија Васко Шутаров и Елиза Шулевска, а посетителите во Софија ќе можат да ја видат до 19 март.

 

Испрати коментар

Scroll To Top