Изложба на слики насловена „Тишина“ од Теа Јовановска ќе биде отворена вечер во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје.
„Тишина“ е прва самостојна изложба на Јовановска на која ќе се претстави со дваесетина дела.
Теа Јовановска е родена во Скопје во 1989 година, и дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 2012 година, отсек сликарство. Во текот на студиите со знаење се здобила кај тројца професори – првата година од студиите била во класата на Вело Ташовски, втората кај Свето Манев, додека во третата и четвртата година била во класата на професорот Благоја Маневски. Досега се претставила на неколку групни изложби.
Автор на текстот во каталогот е режисерот Златко Славенски. Изложбата во КИЦ ќе биде отворена до 22 декември.