Утре, во 19 часот, во галеријата „Ел Греко“ (на улица Mаксим Горки бр.17 во центарот на Скопје) ќе се отвори изложба на слики на сликарот Свето Манев, во чест на 25-годишнината од јубилејот на галеријата.
Свето Манев е роден во 1945 во Свети Николе. Дипломирал на Академијата за применета уметност во 1970 година. Реализирал многу самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби во нашата земја, регионот и светот.
Во својата кариера добива голем број награди и признанија, меѓу кои НУБ „Климент Охридски” цртеж ДЛУМ 1982, награда „Вангел Коџоман” 1991, откупна награда „Мијачки зографи” графика ДЛУМ 1994, награда за сликарство „Лазар Личеноски” IV зимски салон ДЛУМ 1995, награда „Методија Ивановски – Менде” 1999 година.