Во изложбениот простор на Коридорот на Архитектонскиот факултет во Скопје, поставена е изложба на студентски колажи, работени во рамки на редовниот предмет Пластично обликување /IV семестар/, генерација 2013/14 и 2015/16.
Изложбата претставува сегмент од наставната програма, структурирана така да низ бројни теми и разни обликовни техники, се поттикнат и развиваат знаењата и умеењата на студентите за визуелниот начин на размислување и графичкo изразување на идеја, како алатка за промислување во процесот на создавање Архитектура.
Воедно, на овој начин, според организаторите на изложбата, се поттикнува и будење на интерес кај нив за истражување во ликовно-творечкиот процес и аплицирање на стекнатите искуства во други области на нивното професионално оформување како идни архитекти.
Колажот како самостојна ликовна дисциплина и сликарска техника, со специфични обликовни, изразни и продуктивни аспекти, има особено значење во визуелните уметности. Низ педагошкиот процес, како методолошки пристап е навраќање на извориштето, те. учење од референтни автори, но со нов однос кон нив и нивните идејно-естетски квалитети.
Taкa, експонатите претставуваат транскрипција на кубистички колаж/pappiers colles/ по П.Пикасо, отсечок/cut-out/ по А.Матис, дадаистички колаж по К.Швитерс, геометриски колаж по Б.Николсон, како и реализација на колаж по зададен просторен модел.
Наставен тим: aкад.сликар и диа, проф. м-р. Наташа Милованчев, диа. м-р. Дарко Драгановски и диа. м-р.Медина Гициќ.
Студенти – учесници: Анѓелковска Жаклина, Грковска Ана, Макриевска Бисера, Матеска Даниела, Мирчевска Симона, Николиќ Матеја, Николоска Љубица, Петровски Димитар, Север Енес, Симјановска Тамара, Стојановиќ Томи, Тодоровски Матеј, Фејза Валбона, Цветкова Илина, Штериова Мартина/Ајруш Филис, Ангелова Викторија, Андријевски Сашо, Велеска Натали, Илиевска Теодора, Кариланова Марија, Кузмановска Елена, МојсовскаТијана, Османли Вероника, Патчева Марија, Пеповска Ева, Петрова Марија, Петрушевска Ивана, Рајчиќ Милан, Станоевска Ана, Стојчески Виктор, Тачи Влера, Толкова Биљана, Трајаноски Љубен, Трајковска Марија, Трајковски Вања, Џидрова Марија.
Изложбата е отворена до 31 мај.