Вечерва во 20 часот во Фоајето на Македонската опера и балет ќе се отвори изложба „Архитектите за европско Скопје“ на завршни архитектонски проекти и аналитички модели на студентите на Архитектонскиот факултет при УКИМ. Куратор на изложбата е Проф. д-р Анета Христова – Поповска. Изложбата ќе биде отворена до 9 ноември 2018.