Изложба на сребрен накит од Месечината со потпис на Ксенија Котев отворена е во „Радио Бар“ во скопско Дебар маало.
Ксенија Котев ја оживува филигранската уметност во нови облици. Со својата страст кон накитот емотивно ја гаи уште од нејзините први чекори, а професионално во инспиративната Италија како дипломиран моден дизајнер на Accademia Italiana и Магистер по Дизајн на Аксесоари – чанти, чевли и накит на Domus Academy.
Својата страст ја посветува во последните моменти на инспирација исклучиво кон дизајнот на накит. Ужива во комбинација на многу материјали, бои, форми и текстури. Прв дизајнер на накит кој креира уникатни парчиња накит од стоматолошки материјали кои се сурови и деликатни за дизајн и обработка.
Сивилото на среброто, неговата моќ и скапоценост ја освојува комплетно во најновата приказна од „КК Дизајн“.