Вечер (15 септември), во 20 часот, ќе биде отворена изложба на слики на австрискиот уметник Бернард Холеман во изложбените салони „Империјал“ во Културно-информативен центар – Скопје.
Изложбата е во организација на Македонскиот конзулат на европското винско витештво, ИКОН и КИЦ – Скопје, ќе биде отворена н„По ноемвриската изложба 2011 година, еве го пак, австрискиот сликар Бернхард Холеман, голем почитувач и пријател на Македонија, со нова изложба се претставува во Културно-информативниот центар во Скопје. Неговата сегашна изложба има дионизиски мирис и, симболично речено, и им е посветена на македонските вински пејзажи“, пишува во својот текст кон изложбата македонскиот поет Ефтим Клетников.
Бернхард Холеман е извонредно динамичен сликар, со изразита креативна енергија, за што сведочат и неговите досегашни над 130 самостојни изложби ширум светот: од Австрија до Русија, Кина, Јапонија, Турција и други земји. Ги има дваесетина и повеќе, но меѓу нив за овој сликар привилигирано место има Македонија. Веќе две децении тој скита како некое босоного дете низ нејзините магични предели од кои црпи инспирација со полн здив. Веќе две децении тој е редовен гостин на ликовните колонии во Македонија.
„Што е тоа што овој австриски сликар толку многу го привлекува и врзува за Македонија? Одговорот би бил – ништо друго, туку македонскиот пејсаж и македонската душа. Тука е неговото долгодишно пријателство со Климе Коробар и нивното градење на еден убав духовен мост меѓу Австрија и Македонија. Па сепак, што е навистина Македонија за овој раритетен сликар. Таа е, според нас, во прв ред романтичарски топос за него, а тоа значи омилен медитерански предел, кој во Централна и Западна Европа се дефинира со митскиот поим за Југ. Тој поим на францускиот јазик покрај суд се обележува и со зборот миди. Тој покрај Југ означува и Пладне, зенит во кој е највисоко искачено сонцето на својата патека од изгревот до залезот. Тоа е мигот на најинтензивната дневна светлина, кога сѐ во него пламти, опфатено од пламенот на светлината. Дека можеби и интуитивно длабоко душата на Холеман гравитира кон југот и пладнето на најубав начин говори и неговиот ликовен пат, неговата Виа Игнатиа на духовната инспирација“, напиша Клетников.
Изложбата ќе трае до 30 септември.