Насловна / Вести / Изложба на сакрални објекти и рурална архитектура од велешкиот регион

Изложба на сакрални објекти и рурална архитектура од велешкиот регион

fotografii-na-sakralni-objekti

Во Ликовниот салон во Велес, во организација на велешкиот Народен музеј и со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Велес, отворена е изложбата на фотографии на сакрални објекти и рурална архитектура во Велешкиот поширок регион во кој се вклучени и Општините Чашка и Градско.

Изложбата е резултат на увидот на 77 сакрални објекти и рурална архитектура во 77 села во велешко од страна на екипа на Националниот конзерваторски центар од Скопје во изминатите три години.

Најголем дел од вредните сакрални објекти кои се документирани и фотографирани се од 19 век, а има и такви од 17 и 18 век. Од 17 век посебно се издвојуваат црквите во велешките села: Црквино, Свеќани, Мартолци, Бистрица, Габровник, Убого, Ногаевци, Дреново…

Испрати коментар

Scroll To Top