Вечер (13 јули) во 20:30 часот, во Музејот на град Скопје ќе се отвори изложба на Радосав Марковиќ-Рајо од Македонија и Ангелина Јањушевиќ од Црна Гора, во организација на Сојузот на иселеници од Црна Гора во Македонија.
„Ангелина Јањушевиќ слика со очи на љубовта, патувајќи понесена од мирисот на земјата и бојата, на таа недостапна магија на алхемијата. Нејзините топли слики на некој начин се нема поезија, на која се чувствуваат разбудениот живот и ехото на музиката. Тие како букет на нејзината долгогодишна емоција влијаат врз бројни болести на денешницата и површноста на секојдневното живеење“, ќе каже за творештвото на уметницата од Црна Гора, новинарот и публицист Ранко Павичевиќ.