Македонскиот павилјон на 15. Венециско биенале за архитектура 2016, со проектот „Ничија земја“ на архитектите од студиото Stone Design од Скопје, е поставен во Музејот на современата уметност во Скопје.
Изложбата ќе трае еден месец – од 17 јануари до 15 февруари 2017 година.
„Односот помеѓу „јавното“ и „приватното“, меѓу „катафатичкиот“ и „апофатичкиот“ простор е утробата на „Ничија Земја“. Неговиот примарен фокус е структуралната перихореза, корелацијата и контрапунктирањето на искривените но алузивни „иконични“ урбани монументи и авторските созданија составени од субјективни реалности, фрагментрираност и дематеријализирани микро локации, географии и мулитикултурни истражувања на формата и волуменот. Суптилната игра на интерархитектуралните еха и алузии нè намамуваат да ги дијагностицираме невротичностите на нашата култура преку архитектонски криптограми на фантазмогоричниот „отворен град“ создаден од есхатолошкиот архитектонски извик/загатка за можноста на liberté, égalité, fraternité in toto.
Набљудувачот, влегувајќи во тунелот низ илуминираната „задна врата“ е конфонтиран со слики и симболи на големите човечки очекувања; град кој е “препознатливо непрепознатлив“, ефемерен како „сон за еден град“, застрашувачките илузии за „земја без граници“ кој праќа повик за претопување во ничиј пејзаж“, пишува во текстот на кураторот и автор Стојан Павлески.