Денеска (28 декември), со почеток во 20 часот, во Концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје (кеј Димитар Влахов бр.15) ќе се отвори изложба на проектот „НАОДИ:“, со кој Република Македонија се претстави на 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција, одржана од 7 јуни до 23 ноември 2014 година.
На настанот ќе биде промовирана и публикацијата „НАОДИ: Павилјон на Република Македонија, 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција“, направена за потребите на македонското национално претставување, а во која се поместени резултатите од истражувањето на поставената тема на Националните павилјони – „Впивање на модернизмот 1914 – 2014“.
Автори на проектот се Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Горан Мицковски и Александар Радевски.