Во Уметничката галерија на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, на 9 декември, во 19 часот, ќе се отвори изложбата со наслов „(По)трагите на водата“ – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија.
![motiv od bitola](https://www.porta3.mk/wp-content/uploads/2015/12/motiv-od-bitola.jpg)
Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност, и е во рамките на проектот „Кич, да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура.
На изложбата ќе бидат презентирани над 30тина ликовни дела, дел од нив за првпат се изложуваат пред јавноста.
Куратор на изложбата е Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија.