Насловна / Вести / Изложба на Пикасо, Вазарели, Пандилов, Миро и Дали во галерија „Остен“

Изложба на Пикасо, Вазарели, Пандилов, Миро и Дали во галерија „Остен“

Денес, со почеток во 12 часот во галерија „Остен“ ќе биде отворена изложба на големите мајстори во светот на уметноста Пикасо, Вазарели, Пандилов, Миро и Дали.

Изложбата е посветена на носителите на наградата Светско културно наследство, која се доделува на „Остен“ биеналето на цртеж на починати уметници кои направиле значаен придонес за уметноста во светски рамки.POSTER-WORLD-CULTURAL-HERITAGE-AWARD-680x365_c

Досегашни добитници на оваа награда се Виктор Вазарели – 2009 година, Пабло Пикасо – 2010 година, Димитар Аврамовски ПАндилов – 2012 година, Хуан Миро – 2014 година и Салвадор Дали – 2016 година

Љубителите на уметноста можат да ја искористат оваа можност да уживаат во ремек делата на автори кои ги обележаа некои од највпечатливите трендови во уметноста, како и во проекција на документарец од архивите на унгарската национална телевизија (со превод на македонски) посветен на животот и дејноста на Виктор Вазарели – таткото на оп артот.

Поставката ќе трае до 8 март 2017 година.

Испрати коментар

Scroll To Top