Во изложбениот простор на Македонската академија на науките и уметностите вечерва од 20 часот ќе биде отворена нова изложба на Остенови уметници, поточно 12 изложувачи кои во изминатите години (2012 – 2015) биле дел од конкурсите.
Тие се од различни краеви на Македонија со различни возрасти и уметнички изрази, но заедничко за сите нив ќе биде изработка на дела со димензии од 110 х 190 см.
Оваа година ќе бидат доделени и награди за животно дело, остенов уметник на годината и најдобар млад уметник (до 40 години).