Насловна / Вести / Изложба на OPA Professional во Њујорк

Изложба на OPA Professional во Њујорк

Japonsko_klopcce

Во Македонскиот културен центар во Њујорк (MC Gallery) денеска ќе биде отворена изложбата „Постконцептуални контемплации“ на OPA Professional, на која ќе бидат презентирани цртежи во комбинирана техника (акрил, фломастер, мастило…).

OPA Professional е формирана во 2014 година од ликовните уметници Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски. Двајцата студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и заедно работат повеќе од една деценија. Тие се фокусираат на формално-визуелните и естетските ликовни вредности, преиспитувајќи ги состојбите во врска со автономноста на уметничкото дело.

– Во циклусот „Постконцептуални контемплации“, OPA Professional со апстрактно ликовен јазик го преточува космогонискиот уметнички порив да се продре во онтолошките нишки на сопствениот микрокосмос. Инвентивноста и интуитивноста на нескротливиот потег е ликовен двигател на композицијата кон една општост доловувајќи го метафизичкиот свет на сликарската интима, каде и колоритот го усложнува откривањето на компонентите на рационално обмисленото и спонтаното, – соопшти MC Gallery.

Претставувањето на „Постконцептуални контемплации“ во Њујорк е  поддржано од Министерството за култура на Република Македонија. 

Испрати коментар

Scroll To Top