Во Музејот на модерна уметност во Њујорк се отвора изложба на американската уметничка Елен Стутервант, која станала позната имитирајќи ги делата на уметничките ѕвезди на 20 век.
Изложбата претставува ретроспектива од најпознатите уметници на 20 век, и така секој посетител во музејот може да ја погледне „Мерилин Монро“ на Енди Ворхол и „Мики Маус“ на Рој Лихтенштајн.
Со своите имитации започнала во средината на 60-тите години на минатиот век. Нема заеднички точки со фалсификаторите, бидејќи своите дела ги обајува отворено и под свое име. Први нејзини „жртви“ станале Енди Ворхол и Џаспер Џонс, и на тој начин, ја доведувала во прашање идејата за авторство и оригиналност во современата уметност – изборот на поп-арт во својата постмодернистичка игра не е случаен. Но, таа никогаш не се стремела кон идеална копија на оригиналот, секогаш додавала свои детали, но и сакала да ја нагласи поентата токму со избраното дело.