Вчера во Центарот Помпиду во Париз, отворена е самостојна изложба на една од највлијателните уметници во втората половина на 20 век па до денес, Мона Хатум. На изложбата се поставени над 100 дела од доцните 1970-ти до денес.
Сеопфатниот избор кој вклучува перформанси, видео, фотографија, инсталација, скулптура и дела на хартија, дава јасен преглед на разновидноста и обемот на работата на Хатум.
Изложбата ќе трае до 28 септември 2015. По Париз изложбата во 2016 година патува во „Тејт модерн“ во Лондон и во Хелсинки во 2016-2017.