Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Маја Кировска во Јужна Кореја

Изложба на Маја Кировска во Јужна Кореја

maja kirovska (1)

Македонската уметница Маја Кировска ќе го прикаже својот проект (РЕ)Анимирано на изложбата Соѕоѕу што денеска ќе биде отворена во Националниот културен центар на Чунбук, во јужнокорејскиот град Ченгџу.

На изложбата со свои дела ќе се претстават и уметниците Санјан Ли, Кионхуа Ли, Донграк Сон, Џијанг Гонг, Џијан Мун, Инсук Риу, Сангсу Цонг, Хозе Брузон Авила, Гиљце Цонг и Оскар Хуго Конча. Тоа е групата Exit, формирана во Ченгџу во 2010 година, а во која освен основачите секоја година кон изложбите се приклучуваат различни членови, а се покануваат и гости од странство.

Univerzitet vo Cheongju

– Во Националниот културен центар на Чунбук ќе се претставам со проектот (РЕ)Анимирано, кој се состои од повеќе дела изработени во различни медиуми, како инсталации, објекти, дигитална графика, колажи и цртежи. Заедничко за сите овие дела е прашањето што го поставуваат, а тоа е прашањето за границата помеѓу живото и неживото, свесното и несвесното, органското и неорганското, природното и вештачкото, вели Кировска.

Испрати коментар

Scroll To Top