„Визуелна статистика на случајно добиени податоци“ е насловот на изложбата на Kирил Василев, која вечерва во 20.30 часот ќе биде отворена во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје. Изложбата се темели на два система со податоци од фрлање паричка (петка-глава) и фрлање коцка (зар). Авторот вели дека резултатите можат да се наречат графики и скулптури. Kај нив се забележува редовна појава на згрутчување (низи) и асиметрија.
Василев е академски вајар. Ова е негова втора самостојна изложба.