Утре (3 јуни) во 20 часот, во Галеријата на Младинскиот кутурен центар, ќе биде отворена самостојна изложба на Касиопеја Наумоска.
„Креативноста на Касиопеја произлегува од богатата уметничка имагинација, од длабоки и интимни сфери на потсвеста. Со право може да се зборува за високо ниво на истакнати фантастики на состојба во имагинарните фази, сцени, што секако се реални состојби на душата на Касиопеја. Како имагинарни секвенци флешовите се евидентираат низ квалитетен ликовен цртачки и сликарски процес. Поради ова, сите дела на Касиопеја сигурно претставуваат фундаментални оригинали на одреден емотивен момент преточен низ бојата и оригиналниот ликовен гест. Во некои моменти наративноста е хроматски нереална, магична, би рекол прекрасна, со тенденција да се сокрие во гамата на колоритното сфумато. Воодушевувачки се делата во кои се постигнува моментот со прекрасни атрибути на објектот, кој е поставен во трансцедетална колоритна површина, средина во која владее апсолутна тишина – вистински мир во беспрекорно воспоставена атмосфера.