Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Јасминка Новковска

Изложба на Јасминка Новковска

Jasminka novkovska izlozba

 

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 октомври(сабота) во 20 часот ќе се отвори изложба на Јасминка Новковска со наслов Во кој свет живееме? На изложбата ќе бидат изложени стотина дела и е психолошко и психијатриско истражување. Делата се поделени во неколку циклуси:

1. Филмска уметност

(,,Психо“, ,,Птици“, ,,Лудило“)

2. Портрети на многу душевно болни луѓе

3. Портрети на многу луди луѓе

4. Луѓе од вселената, луѓе-инсекти

5. Човек – луѓе – животни – праисториски животни

6. Борба на змеј со животно – душевно болни и луди луѓе

7. Портрети на познати уметници,(Ван Гог, Фрида Кало, Енди Ворхол, Анри Матис, Пол Гоген, Салвадор Дали, Френсис Бејкон, Жан Мишел Баскијат, Кеит Харинг, Рене Магрит, Пикасо, Едвард Мунх, Пол Кле).

8. Два автопортрета

9. Пoртрети на најноторни убијци – сериски убијци на сите времиња, (Денис Радер, Андреј Чикатило, Ричард Трентон Чеис, Аилин Вурнос, Хенри Ли Лукас, Ед Геин, Гери Рајвеј, Тед Банди, Џон Вeин Гејси, Џефри Дамер)

 

Изложбата е во состав на манифестацијата Бели ноќи. Кустос на изложбата е Љупчо Маленков.

 

Испрати коментар

Scroll To Top