Вечер во галерискиот простор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија ќе биде отворена изложбата „Експресивна лирика и траги“ од Илирјан Бекири и Башким Меџити.
Заедничката изложба на Илиријан Бекири и Башким Меџити во КИЦ на Република Македонија е нивно прво репрезентативно претставување пред публиката во Софија. Проектот е дел од годишната програма на КИЦ на Република Македонија во Софија за 2017 година и е поддржан од Министерството за култура.
Илирјан Бекири дипломирал на Факултетот за ликовна уметност, отсек сликарство на Тетовскиот универзитет во 1998 година, а магистрирал во 2002 година на Универзитетот во Приштина. Од 1998 до 2002 година бил асистент на Факултет за ликовна уметност, а од 2002 до 2005 година и професор на истиот факултет. Бекири има реализирано повеќе самостојни изложби и групни изложби во Македонија и во државите од регионот, а учествувал и на многу ликовни колонии.
Башким Меџити е академски сликар од Гостивар, кој има реализирано бројни самостојни и групни изложби во Македонија и странство. Во декември 2007 година бил учесник на еден ликовен проект на уметници од балканските земји, претставен и во Софија.