Во Њујорк, градот на големите можностите, отворена е изложба на познатата уметничка група од Загреб „Горгона“. Изложбата насловена „Јулие Книфер, Мангелос и Јоспи Ваништа: 1947. – 1990“ е поставена во галеријата Mitchell-Innes & Nash на 1018 Madison Avenue, и ќе биде отворена до 3 октомври.
Публиката има можност да ги делата на оваа група исклучителни уметници „Горгона“ од Загреб, која била најактивна од 1959 до 1965 година. Групата, чии членови биле сликарите Јулие Книфер, Јосип Ваништа, ликовниот критичар Димитрије Башичевиќ Мангелос, не била сликарска група во вообичаената смисла на зборот, ниту делувала манифестно, односно според програма, туку ги собирала оние уметници кои имале слични духовни и визуелни сродности.
Членовите на „Горгона“ го разбрале „откажувањето од групата“ како уникатен уметнички чин и затоа „Горгона“ во пишаната историја на уметност оставила малку траги.
Дури кон крајот на седумдесеттите години наминатиот век, „Горгона“ станала позната на пошироката јавност, кога во 1977 година, била одржа нивната прва голема изложба во Галеријата на современа уметност во Загреб, а по тој повод критичарката Нена Димитријевиќ ќе го напише и првиот текст за групата: „Горгона – Уметност како начин на постоење. Иако Горгона била интровертни група која не се ни обидувала да се наметне на времето и просторот, ограничена на мал круг на луѓе, по своите размислување и сензибилитет била еднаква на појавите кои го означиле крајот на педесеттите и шеесеттите години на 20 век.“