Во Културниот центар на РМ во Њујорк (MC Gallery), денеска ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот скулптор и актуелен продекан на Факултетот за ликовни уметности Гоце Наневски, кој ќе се претстави со документарна видеоинсталација „Мо(ну)мент-Документ“.
Амбивалнетниот и последователен наслов на инсталацијата е кулминација на неговиот урбан, техничко-технолошки, кинетички конципиран редимејд проект „Мо(ну)мент“, кој синхронизирано со видеопроекцијата беше презентиран во 2014-та во Скопје.
Гоце Наневски е професор на Катедрата за вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Реализирал 15 самостојни изложби во Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, САД, а во 2009-та беше официјален претставник на Македонија на 53. Венециско биенале.