Насловна / Арт и дизајн / Изложба на фотографии со воени теми на унгарски фотографи од пред сто години и денес

Изложба на фотографии со воени теми на унгарски фотографи од пред сто години и денес

Во Музејот на град Скопје, од денес до 29 овој месец, ќе се реализира изложбата Пред и по Kапа: Фотографии со воени теми на унгарски фотографи од пред сто години и денес.
На изложбата која ќе може да се види преку фотографии на унгарски фотографи од периодот пред и по работата на една од најистакнатите фигури на военото фотографирање од унгарско потекло, Роберт Kапа, по чие презиме е именуван и Центарот Kапа, односно воени фотографии направени на почетокот на 20 и 21 век. На изложбата се истражува колку се променети средствата за овековечување на воените конфликти во изминатите 100 години. Документите од првиот нашироко фотографиран воен настан, Првата светска војна, се прикажани со помош на Архивот на дигитални фотографии Фортепан, а увид во современите оружени конфликти можеме да добиеме преку фотографиите на Иштван Биелик снимени во Сирија, на Шандор Чудаи во Украина, на Вероника Девењи во Авганистан и на Ѓула Шопроњи во Либија.

000
За првпат во Скопје ќе бидат прикажани фотографии на Дежо Ураи, воен дописник од Првата светска војна, снимени во Македонија. Фотографскиот материјал го откупил еден унгарски колекционер од внукот на Ураи, и фотографиите кои го овековечуваат секојдневието на обичните луѓе ги донирал на архивата Фортепан.

Испрати коментар

Scroll To Top