Насловна / Арт и дизајн / Изложба на фотографии, шминка и ликовни дела на Центар ЕВА

Изложба на фотографии, шминка и ликовни дела на Центар ЕВА

На 29 ноември во „Јавна соба“ ќе се одржи изложба на ликовни дела, фотографии и шминка со што ќе се заокружат работата и трудот на седумдесетина млади артисти од Центарот за обука ЕВА. Секој од нив има завршено некоја од програмите во ЕВА, фотографија, шминка или цртање и сликање.

Оваа креативна, но и хуманитарна изложба, се одржува по 15 пат.

EVA

Во истиот простор ќе може да се види и изложбата на фотографии и шминка од проектот „Квалификувај се за иднината“ финансиран од ЕУ, за кој Центар за обука ЕВА беше избран да ги едуцира младите лица од ромската заедница со цел да им овозможи да стекнат вештини и да ги квалификува за да почнат своја кариера и самостојно и независно да ја градат својата иднина.

Исто така, на сите учесници ќе им бидат доделени и сертификати за завршените програми, а вечерта ќе биде збогатена и со звуците на флејтата на Билјана Камчева, професор во Школата за музика во Центар ЕВА. Вечерта ќе се заокружи со коктел и дружење на сите љубители на уметноста.eva1

Сите дела ќе бидат ставени на продажба, а средствата собрани по тој пат ќе бидат донирани за акцијата „Ретвитни оброк“.

Испрати коментар

Scroll To Top